Познат велешки адвокат загина во сообраќајка кај Стоби

Едно лице загина рано утринава во близина на античкиот град Стоби откако управувајќи автомобил изгубило контрола над возилото, информира полицијата.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 6,15 часот на автопатот Неготино – Велес кога возачот 50-годишниот Никола Димовски, познат велешки адвокат,  загубил контрола на својот автомобил „мазда“ во близина на Стоби, а потоа излетал од патот. Возачот поради тешки повреди починал на местото на несреќата.

Полицијата работи на откривање на причините за трагедијата.