Несреќа на „Eгзит“: Паднал од ѕидот на тврдината додека се обидувал да влезе без карти

Еден млад љубител (22 години) на фестивалот Егзит рано утрово во Нови Сад паднал додека се обидувал да ги прескокне ѕидините на тврдината и да влезе на фестивалот „Егзит“ без карти, соопштила новосадската полиција.

Момчето од Кикинда се здобило со тешки повреди и му бил скршен скочниот зглоб. Новосадската полиција навела дека во текот на вториот ден на музичкиот фестивал „Егзит14“ на кој присуствувале околу 40.000 посетители, нема нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем, освен разбојништва, чување и продажба на дрога и прекршувања на законот за јавен ред и мир.

Полицијата одземала наркотици од 43 лица, од кои 17 странски државјани, кривични пријави ќе бидат поднесени против две лица за продажба на дрога, а за недозволено чување на дрога ќе бидат кривично обвинети 41 лице.

Исто така утрово две лице со закана со нож на романски државјанин му одземале 5000 динари, мобилен телефон и 2000 леи.