Несреќа во Германија, робот усмрти работник во Фолксваген

Во фабриката за автомобили “Фолксваген” во Германија, во понеделникот робот усмрти работник (22), пишува српски Блиц.

Несреќното момче работело на оспособување на роботот кој сложувал авто-делови. Одеднаш, машината го “помешала” телото на работникот со дел од автомобил, го зграпчила и го набила во метална плоча.

Работникот починал неколку часа покасно, како последица од здобиените повреди.

Компанијата не го објавува името на момчето, но додала дека роботот е програмиран да обавува одредени функции, и дека голема е веројатноста несреќата да е предизвикана од “човечки фактор”.

Германското обвинителство го разгледува случајот и врши проценка дали да покрене обвинение.