Македонија,Крими хроника

Несреќа во тетовско: Изгубил контрола над автомобилот, удрил во пет пешаци и две возила

Несреќа во тетовско: Изгубил контрола над автомобилот, удрил во пет пешаци и две возила

Скопјанец направил сообраќаен хаос вчера на регионалниот пат Тетово- Попова Шапка, удрил во пет пешаци, а потоа и во два паркирани автомобили.

Според информациите од портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски вчера околу 15 часот се случила тешка сообраќајна незгода на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка. Автомобил „мерцедес“ управуван  од 26-годишниот  скопјанец Г.С. удрил во пет пешаци.

„Мерцедесот“, како што појасни Јосифовски, се движел од Попова Шапка кон Тетово при што најпрвин удрил во петмината пешаци Б.Б(10), А.В(20), А.В(36), И.В(38) и Х.В(15), сите од Скопје.

Според првичните инфорамции, Г.С. изгубил конторла над „мерцедесот“ и удрил во  паркиран „Цитроен“  кој се придвижил, а  потоа удрил во исто така паркиран „Опел вектра“. И двете паркирани возила биле со скопски регистерски таблички.

Јосифовски соопшти дека во несреќата десетгодишното момче се здобиле со тешка телесна повреда,  фрактура на лева подколеница и по укажана помош во тетовската клиничка болница пренесен е на скопските клиники, додека другите четворица пешаци со телесни повреди пуштени се на домашно лекување.

Вкупната материјална штета се проценува на околу 40 илјади денари.

Тетовската полиција работи на откривање на причините за несреќата.