Македонија

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето во поголемиот дел од Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Според прогностичките материјали, поголема веројатност за нестабилност ќе има во западните и југозападните делови, иако не е исклучена појава на нестабилност и во другите региони.

Во вторник и среда ќе има делумно стабилизирање на временската состојба.