Нестабилното време го отежнува сообраќајот во Србија

Нестабилното време го отежнува сообраќајот во Србија, соопштија утринава од Авто-мото сојузот на Србија. Истовреме се предупредуваат патниците дека и денеска се очекуваат обилни дождови и грмежи.

На граничните премини има задржувања и до 30 минути.

Ако патувате накај Србија, возете внимателно.