Македонија

Нестабилното време ќе продолжи до вторник

Нестабилното време ќе продолжи до вторник

Времето денеска ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност и со слаб, а долж Повардарието умерен јужен ветер. Попладне во западните подрачја ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. Максималната температура ќе се движи од 24 до 30 степени.

Од утре попладне ќе има зголемување на облачностa, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со грмежи. Врнежливото и нестабилно време ќе продолжи до вторник. Во недела и понеделник локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и силни електрични празнења. За овој период се очекува локално да наврнат над 50л/м2 воден талог.

Временските услови во наредниот период негативно ќе се одразат особено во лозарството и ќе придонесат за прекинување или отежнување на бербата на грозје и други видови на овошја. Врнежите во овој период од годината ќе допринесат за намалување на процентот на шеќери, во овошките и грозјето, но истовремено можно е и пукање на зрната со што квалитетот се намалува а можноста од инфекции се зголемува.