Несторовски пречекан како што доликува

Мартин Несторовски и го донесе вториот медал на Македонија на Европските игри во Баку.

Бидејќи нашите спортисти кои остваруваат големи успеси секогаш ги претставуваме како шампиони, така беше и со Мартин.

Не е важно каква боја медал носеше на вратот, ова младо момче и одличен спортист, во Скопје беше дочекан како шампион.

Неговото семејство и најблиските фанови со плех музика и громогласен аплауз му приредија изненадување на скопскиот аеродром “Александар Велики”.

За потсетување, тој во дуелот за бронзениот медал, во категоријата +84 килограми беше убедлив против српскиот претставник Слободан Битевиќ.

martin2

martin3

martin4