Несудениот зет го претепал дедото до смрт во Србија

Вчера вечерта со мотика бил нападнал 74-годишен пензионер од село во близина на Лесковац и претепан до смрт. Напаѓачот е приведен во полиција, а според неофицијални информации станува збор за момче што живее во вонбрачна заедница со неговата ќерка.

Од полицијата изјавиле дека двајцата мажи започнале расправија во која помладиот зел мотика и му нанел тешки повреди на пензионерот, кои биле кобни за него.

– Пензионерот им подлегнал на повредите доцна синоќа во Ургентниот центар во Лековац, а напаѓачот го приведовме – станува збор за лице родено во 1962 година, истакнале од полициската станица во Лековац.