Нетанјаху: Ариел Шарон е еден од големите генерали на Израел

Ариел Шарон е еден од најголемите генерали кои еврејскиот народ и израелските одбранбени сили го имале, изјави денеска актуелниот премиер на земјата, Бенјамин Нетанјаху, за време на комеморацијата за поранешниот премиер Шарон, кој почина на 11 јануари.

„Израелската независност зависеше од генерација еврејски борци кои го оживеаја наследството од еврејски хероизам во земјата на Израел, а Шарон имаше централна улога во градењето на ова наследство“, истакнал Нетанјаху.

Премиерот додал дека не се согласувал секогаш со Шарон, но го утврдил како непобитен факт тоа дека Шарон секогаш мислел за доброто на Израел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.