Нетанјаху бара од Путин да го тргне Иран од Сирија, бидејќи Израел не е закана за Асад

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порачал во текот на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва дека Израел не претставува закана за сирискиот претседатл Башар ал-Асад кој е руски сојузник и побра Русија да влијае за повлекување на иранските сили од Сирија, изјави израелски функционер.

„Нема да преземаме акции против режимот на Асад, а вие тргнете ги Иранците“, ги пренел неименуван израелски функционер зборовите на премеирот Бенјамин Нетанјаху кажани на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Reuters.

Инаку Русија веќе работи на тоа иранските сили да се повлечат од сириските области во близина на Голанската висорамнина којашто е окупирана од Израел. Москва се согласила тие да бидат на 80 километри од границата и не се согласила на нивно целосно повлекување, додал функционерот.

Израелските медиуми потсетуваат во четвртокот дека станува збор за трета посета на Москва на Нетанјаху од почетокот на годината и оти таа се одвиваше во контекстот на американско-рускиот самит кој ќе се одржи на 16-ти јули во Хелсинки.

„Оваа посета се случи само неколку дена пред средбата на претседателот Путин со Трамп …. Разговаравме за сириското прашање во целина и иранскиот проблем во предвечерието на самитот, но не мислам дека сега е моментот за тоа поподробно да се кажува“, изјавил Нетанјаху за израелските новинари кои го придружувале на патот во Москва.

Нетанјаху, исто така, рекол дека тема на разговорите со Путин била и да се задржи „рабирањето“ на Русија за „слободата на израелските акции“ во Сирија, каде што израелската авијација редовно бомбардира објекти за во коишто тврди дека има присуство на Иран и неговите регионални сојуници.

„Ние дејствуваме на местата каде што има голема концентрација на сила. Ние дејствуваме, не само за да не се соочиме со Русите, туку, би рекол, во координирани дејствија на армијата, вклучувајќи ги и овие денови и во овие часови“, додал Нетанјаху.

Израелскитот премиер притоа го нарекол договорот за избегнување конфликтни ситуации со руските војски во Сирија, која е на сила веќе три години, „долгорочно постигнување“ на Израел.

„Слободата на дејствувањето во Сирија е на кое и да е место во однос на иранските цели, целите на Хезболах, сириската армија. За нас е многу важно да ја задржиме оваа слобода на дејствување“, рекол Нетанјаху.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.