Свет

Нетанјаху држеше говор зад непробојно стакло

Нетанјаху држеше говор зад непробојно стакло

Израелската десница, предводена од премиерот на заминување Бенјамин Нетанјаху, вчера демонстрираше сила собирајќи ги своите приврзаници на собир на неполни 36 часа пред парламентарните избори што самата ги распиша, но на кои нејзината победа, се чини, има се помали изгледи за победа, објави МИА.

Околу 15.000 приврзаници на партијата Ликуд и нејзините партнери, вчеравечер, се собраа на плоштадот Јицак Рабин во Тел Авив. На истиот плоштад пред една недела се собраа повеќе од 25.000 лица протестираа против политиката на Нетанјаху.

Стоејќи зад непробојно стакло, премиерот на заминување предупреди дека „постои вистинска опасност левицата да ја преземе власта“.

– Иако јавноста сака, сите тоа го знаеме, натаму да ја водам земјата. Вистина е дека се уште немаме коалициско мнозинство од 61 мандат, па затоа мораме да ги засилиме напорите во тоа да успееме – изјави првиот човек на израелската десница, по кого на говорницата застанаа партнерите, верскиот националист Нафталија Бенето и Елиеја Jишаи од крајната десница.

Сите партнери се собраа да ги мотивираат своите приврзаници, на нецели 24 часа пред завршувањето на кампањата која премиерот на заминување ја почна без страв, но потоа доживеа пад во анкетите.

Овие парламентарни избори ќе бидат крајно неизвесни и, доколку им се верува на анкетите, на нив ќе пресудат избирачите од центарот. Опозицијата, која ја предводи Ционистичкиот сојуз на лабуристот Исак Херцог, има предност од три до четири пратенички места пред портијата на Нетанјаху-Ликуд, што на Херцог не му гарантира сигурна премиерска функција.

Според израелскиот изборен систам, Владата не ја составува носителот на листата со најголем број гласови, туку оној меѓу 120-те избрани застапници кој ќе може да формира коалиција.

Нетанјаху се противи на формирањето Влада на национално единство бидејќи смета дека „таквата Влада не би можела да функционира заради големите меѓусебни разлики“.

Ционистичкиот сојуз тој повторно го нарече „туѓинска партија“.

– Странските влади им помагаат на левичарските организации со десетици милиони долари, бидејќи знаат дека (Ционистичкиот сојуз), доколку дојде на власт, ќе попушти пред сите уцени на меѓународната заедница – предупреди Нетанјаху.

Според негова оценка, какво било попуштање на Палестинците нема да биде „соодветно“.