Нетанјаху: Мигрантите од Африка поголема опасност од џихадистите

Електричната ограда по должината на границата со Египет го спаси Израел од напади на џихадистите, но и од бранот африкански мигранти, кои претставуваат уште поголема закана за државата, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелското министерство за внатрешни работи објави дека во моментов во Израел има околу 42.000 африкански мигранти, кои најчесто доаѓаат од Судан и Еритреја.Владата нареди дека илјадници од нив мора да ја напуштат земјата или во спротивно ќе бидат затворени на неодредено време, пренесе АФП.

-Зборуваме за една еврејска и демократска држава, но како можеме да се обезбеди таква состојба ако дојдат прво 50.000, потоа 100.000 и 150.000 мигранти за една година? По милион или милион и пол, можеби би требало да се затвориме. Но не се затворивме, туку изградивме ограда- рече Нетанјаху.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.