Нетанјаху: Нема компромис додека да не се уништи Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска јавно ги пофалил разузнавачките служби и нивната работа како и оперативната способност на израелската армија.

Благодарение на нив, како што подвлекол тој, се убиени тројцата лидери на Хамас од нивните највисоки хиерархиси редови и најави дека операцијата ќе биде продолжена додека не се постигне крајната цел.

„Шин бет и Израелската одбранбена армија работат рамо до рамо во операцијата Заштитна ивица, како и во текот на целата година и тоа е најважниот елемент на израелската безбедност“, изјавил Нетанјаху.

Како што пренесуваат израелските медиуми, тој истакнал дека се додека не се ликвидираат сите лидери на Хамас, а тоа ќе се прави секаде и секогаш кога за тоа има шанса, нема да има никаков компромис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.