Нетанјаху очекува помош од Абас во барањето на киднапираните ученици

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во телефонски разговор со претседателот на Палестина, Махмуд Абас, побарал од него да помогнат во пронаоѓањето на израелските ученици кои се киднапирани на Западниот брег.

„Очекувам дека претседателот Абас ќе помогне во враѓањето на киднапираните ученици, а киднаперите ќе ги уапси“, соопштил Нетанјаху.

Според тврдењата израелските ученици се киднапирани од страна на Хамас. Тие се сметаат за исчезнати од 12 јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.