Нетанјаху: Прекинот на огнот не е на дневен ред

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека прекинот на огнот „не се наоѓа на дневен ред“.

– Не разговараме со никого за прекин на огнот во овој момент. Тоа дури и не е на дневен ред, истакна Нетанјаху, одговарајќи на прашањето дали Владата е во контакт со Египет или некоја друга земја со цел да се прогласи прекин на огнот по дипломатски пат.

Тој нагласи дека за израелските ставови било изразено разбирање и поддршка од страна на сите странски лидери со кои разговарал во последните неколку дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.