НетПрес дознава: Правосилна судска пресуда за еден од обвинетите во случајот „Пуч“

НетПрес дознава, судот денеска донесе правосилна судска пресуда за Звонко Костовски еден од обвинетите во случајот „Пуч“.

Оваа пресуда е донесена, според извори на НетПрес, по претходно јавно признание за стореното кривично дело за кое се товари ова лице во случајот „Пуч“.

Костовски дал признание за сите аспекти, актери, дејствија, околности и други детали поврзани со овој случај. Се очекуваат повеќе информации од судот.

Според првичните информации кои ги добивме, Костовски добил тригодишна затворска казна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.