НетПрес во знак на протест никогаш нема да го употребува новото име на Македонија

Откако премиерот Зоран Заев, вчера го сподели со јавноста постигнатиот договор со Грција за промена на името на нашата држава Република Македонија во Република Северна Македонија, новинската агенција „НетПрес“ одлучи во знак на протест никогаш да не го употребува новото договорено име на нашата земја, ниту во текстовите, ниту пак во документите на фирмата.

Имено, и во случај овој договор да се официјализира и дефинитивно се смени името на Република Македонија, „Нетпрес“ као медиум кој работи исклучиво во интерес на националните интереси и интересите на граѓаните во нашата држава, никогаш во своите текстови, во знак на протест, нема да го напише новото име, туку секогаш, за овој медиум, името на нашата држава ќе биде Република Македонија.

„Нетпрес“ ќе продолжи со својата уредувачка политика и никогаш нема да дозволи некој понижувачки договор, да го урне достоинството на македонскиот народ, и по цена дури и да биде казнет како медиум.

Република Македонија е името на нашата држава, и ниту еден кукавички договор нема да го смени чувството на припадност и идентитет кој ги влече корените токму од името Македонија. Скандалозното условување, во 21-от век и непочитување на правото на самоопределување и именување на својата држава е невиден преседан и големо понижување, се’ со цел да се задоволат туѓи интереси, а не интересите на македонсиот народ.

Воедно ги повикуваме сите медиуми во Македонија да се приклучат на овој протест.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.