Неубедливата Барса славеше кај Виљареал

Во средбата од 15-то коло на шпанското фудбалско првенство Барселона на гостувањето го совлада Виљареал со 2:0 остварувајќи ја својата прва победа по две нерешени средби во шампионатот, а пред дуелот следното коло со вечниот ривал Реал Мадрид.

Домаќините одлично се бранеа, а притоа и неколкупати сериозно се заканија од противнапади, сѐ до 60 минута кога поради непотребниот старт со отворен ѓон над Серхи Бускетс директно беше исклучен младиот напаѓач Дани Раба.

Со играч повеќе Барселона поведе во 71 минута со голот на Лоуси Суарез, а сите дилеми околу победникот ги разреши Лионел Меси во 83 минута. Барселона можеше да го отвори резултатот веќе во 4 минута, но Жерар Пике по нафрлувањето од корнер ја погоди стативата. Рамката на противничкиот гол ја затресе и Суарез во 67 минута, а Меси имаше неколку шутови крај голот од позиции од коишто вообичаено реализира. Сепак, впечатокот што на теренот го остави Барса беше далеку од супериорноста со која ги добива дуелите со екипите од средината на табелата.

И во другите три неделни натпревара славеа гостите. Атлетико Мадрид го совлада Реал Бетис со 1:0, со голот постигнат со лизгачки старт на на Саул Нигуез во 30 минута.

Малага беше подобра со 2:0 кај Реал Сосиедад. Стрелци беа Бастон во 23 минута од пенал, и Кастро во 59 минута.

Интересен натпревар одиграа Реал Бетис на македонскиот репрезентативец Енис Барди и Атлетик Билбао, во кој гостите од Баскија славеа со 2:1, а беа постигнати два автогола. Гостите поведоа во 5 минута од пеналот што го реализираше Адуриз. Во второто полувреме Бетис тргна во офанзива и во 72 минута тоа резултираше со стартот на гостинскиот бек Лапорте кој ја погоди сопствената мрежа. Но во екот на нападите на домашните, во против напад на Атлетико, веќе во 79 минута автогол постигна и Постиго.

На табелата води Барселона со 39 бодови, пред Валенсија со 34, Атлетико Мадрид има 33, а Реал Мадрид 31 бод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.