Неучтивоста на нашите навивачи и донесоа казна на ФФМ

Телото за контрола, етика и дисциплина кое функционира во рамките на европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја казни фудбалската федерација на Македонија со 12.000 евра поради несоодветно однесување на навивачите на квалификацискиот меч меѓу нашата и репрезентацијата на Луксембург, одигран на 9-ти декември во Скопје.

Навивачите неколку пати беа предупредувани да не користат ласери, но официјалниот делегат на средбата ги заведе овие мали инциденти во записникот па така УЕФА реши да ја казни нашата фудбалска федерација.

Македонија славеше на овој дуел со 3:2, откако Абдурахими со прекрасен погодок од далечина и донесе три бода на нашата селекција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.