„Неуромедика“ наградена како најдобра регионална болница и менаџер на годината

Поликлиниката „Неуромедика“ ја доби престижната награда „Најдобра регионална болница и менаџер на годината“ на Форум за врвен квалитет и менаџмент во Кан, Франција. Ова е за првпат болница од Македонија да биде наградена со оваа престижна награда.

„Неуромедика“ се стекна со оваа награда во конкуренција на врвни светски медицински институции, а директорот д-р Емил Угриновски ја доби наградата „Менаџер на годината“.

На Форумот „Неуромедика“ ги презентираше своите достигнувања, успеси, клиниките, современата медицинска опрема, персоналот и најновиот проект новата болница во Скопје која треба да почне со работа до крајот на годинава.

„Ова за „Неуромедика“ во своите речиси 25 години постоење како прв приватен медицински бренд во Македонија е огромно достигнување и најголема професионална сатисфакција и мотив за да се остане на патот кон континуираниот раст и развој. Овие награди се само потврда на вложениот труд и целосната посветеност на воведување на врвно здравство во земјата и регионот кое се темели на непрекинатото инвестирање и унапредување на медицинската инфраструктура и непоштедното залагање на целиот персонал“, велат од „Неуроменика“.

mkd-287348

Директорот Угриновски во Кан ја претстави целосната слика за „Неуромедика“ и сѐ она што значи „Неиромедика“ во регионот на Балканот која како здравствен бренд веќе долги години е лидер во областа на најсовремената дијагностика и примарната и секундарната здравствена заштита во Македонија која е главна дејност и во она што се најдобри. Значајна е и бројката од над 148.000 пациенти во 2015 година која за една мала држава како нашата е огромна за една приватна здравствена институција.

Форумот е во организација на Сократ комитетот за номинации и Европската медицинска асоцијација кои делуваат при престижната организација Europe Business Assembly од Оксфорд, Англија. Наградите за најдобра регионална болница и менаџер на годината биле основани во 2000-та година за да ги промовираат најдобрите регионални медицински институции и нивните лидери од целиот свет, за да можат лесно преку овој настан-форум да ги промовираат своите услуги и програми во медицинските, научните и бизнис круговите.

Номинациите за оваа престижна награда се темелат на повеќе критериуми кои медицинската институција треба да ги исполнува, а тоа се: целокупните перформанси на клиниката, мултидисциплинарност во медицинските услуги, национална и меѓународна акредитација и сертификација, широка истражувачката база, професионалност, континуирана едукација и менаџерски вештини на персоналот, учество на меѓународни и локални програми за здравствена заштита, фокусот кон пациентите и безбедност во процесите на медицинските третмани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.