Неуспешен обид на Шилегов да ги испере погубните политики на СДСМ

Партијата СДСМ прави очаен обид да обвини друг за сопствените постапки и позиции.

Откако беа фатени живи со нивните неосновани и штетни позиции поврзани со федерализации, рекомпонирања на договори тие го напаѓаат премиерот Никола Груевски дека е виновен за она што самите го направија и самите го прокламираа, пишува Курир.

Наспроти конструкциите на Шилегов, дознаваме дека претседателот на Владата Никола Груевски не одлучувал, не потпишал и не стои, ниту пак во било која форма ја прифатил анализата, и сите инсинуации кон кои цели опозицијата се лажни и само израз на нивна слабост и обид да се заташкаат нивните погубни чекори кои носат сериозна штета на државата.

СДСМ не знае што прави и друг им е виновен за ситуацијата во која се наоѓаат и за нивните антидржавни ставови и позиции.