Неуспешна потрага по црните кутии на авионот на „Ер Азија“

Никакви резултати не дадоа тридневната потрага по црните кутии на авионот на „Ер Азија“ кој се урна во Јаванското Море на летот од Сурабаја кон Сингапур.

По црните кутии во радиус од 500 метри од местото каде е откриена опашката на авионот, трагаат нуркачи на индонезиската Морнарица, но се поверојатни се претпоставките дека тие се наоѓаат на друго место, зашто можело да бидат катапултирани при експлозијата која го срушила авионот.

Потрагата по црните курии и по телата на жртвите вчера и денеска предизвика и мала политичка криза во Индонезија. По одлуката на врховниот командант на армијата, генералот Мулдоко лично да ја преземе водечката улога во операциите поврзани со авионот, протестираа раководствата на Морнарицата и националната комисија за спасување.

По ова, индионезискиот министер за транспорт Игнасиус Јонан побара операцијата да се концентрира на наоѓање и вадење на телата на жртвите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.