Неуспешна средбата Груевски-Заев, СДСМ сака власт без избори

Средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев заврши без договор.

Според Заев, не е постигнат договор бидејќи премиерот не го прифатил првиот услов за формирање на техничка влада, што според лидерот на опозицијата е основниот услов за да се започнат преговорите за враќање на СДСМ во Собранието.

„Нашиот единствен услов за започнување на преговорите беше составување на техничка Влада, без ова основно барање нема никаков договор. Нашето барање беше одбиено. Ние дојдовме на оваа средба за да покажаеме дека сме расположени да најдеме заедничко решение, но без техничка Влада тоа не е возможно“, рече Заев.

Примерот Груевски изјави дека средбата поминала во мирен тек, а пет минути пред крај Заев барал да се создаде техничка влада.За ВМРО-ДПМНЕ тоа е неприфатливо, бидејќи само пред неколку дена новата влада започнала со работа во полна пареа. За сите дополнителни насоки дали ќе има преговори, ВМРО ДПМНЕ треба да се состани со централното раководство.

„На чекор бевме од договор кога лидерот на опозицијата, Зоран Заев, од мене побара да излезам со изјава дека ќе формираме техничка влада. Нормално тоа е неприфатливо. Ние само пред некој ден формиравме Влада и таа веќе почна да работи со полна пареа“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Според премиерот разговорите течеле мирно, но изненаден е од упорноста за техничка влада.