Завршен е прекинот на огнот во Газа, информира израелската армија.
Армиски претставник соопштил дека војската ги обновува нападите на цели во Газа и оти примирјето не успеало.
Израелската команда претходно оцени дека постигнатото тридневно примирје со Хамас е нарушено, откако беше киднапиран израелски војник во Рафах, јужниот дел на Појасот Газа.
Во израелското гранатирање утрово во близина на Рафах убиени се најмалку 25 лица, соопшти палестинското Министерство за надворешни работи.