Неверојатен напредок во медицината: Слепите во САД прогледаа!

Научниците во САД успеале да им го вратат видот на слепите без никакви штетни последици по нивното здравје.

Процесот се одвивал со помош на матични клетки и ова се случува за првпат во медицината. Секој учесник во истражувањето добил по 50.000 до 150.000 клетки.

Половина од пациентите имале таканаречена „Старгардова макуларна дистрофија“, наследна болест на окото, која најчесто го зафаќа централниот дел на очната мрежница наречена „макул“, а другата половина имала старечка атрофична дегенерација на макулот, што е втората најчеста причина за слепило во светот.

Научниците тврдат дека не забележале отфрлување или посериозни проблеми поврзани со трансплантацијата на ткивата.

Целата студија е објавена во магазинот „Ланцет“.