Невeрoјaтен спој: Палачинки со крем сирење

Ако сте љубител на палачинки, а сакате да пробате нешто несекојдневно, еве еден рецепт. Во продолжение погледнете како да подготвите палачинки со крем сирење.

Состојки:

  • 200 мл млеко
  • 150 грама свежо крем сирење
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 200 грама брашно
  • 2 мали лажици прашок за печиво
  • Малку масло за печење палачинки

Подготовка:

  1. Ставете го млекото во подлабок сад и во него разматете го сирењето, јајцата и шеќерот. Измешајте го брашното и прашокот за печиво, па се заедно полека додавајте во смесата со сирење. Матете се додека не добиете изедначено тесто. Оставете го добиеното тесто за палачинки да се одмори околу 30 минути.
  2. Загрејте малку масло во тава и додадете една кутлача тесто за палачинки. Испечете палачинка (без грижа, овие палачинки треба да бидат дебели). Така со ред печете ги палачинките и редете ги на чинија, па ставете ги во топла рерна (загреана на околу 70 степени) за да не се оладат. Палачинките се јадат топли или на овој начин треба да ја одржувате топлината.