Неверојатна фотографија: Ласица на грбот на клукајдрвец

Мартин Лемеј шетајќи се со својата сопруга направил неверојатна фотографија на која е забележана необична појава – ласица на грбот на клукајдрвец.

Мартин забележал шушкање и раздвиженост помеѓу крошните на блиските дрвја. Клукајдрвецот се обидувал да ја симне од грбот малата ласица.

2

Клукајдрвецот слетал на земја и успеал да се ослободи од натрапникот што најверојатно се обидувал да си „најде ручек“.