Магазин

НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Илјадници делфини пливаат околу туристи

НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Илјадници делфини пливаат околу туристи

Јато од неколку илјади делфини е снимено како плива по туристички брод во водите на Костарика.

Ваков настан ретко се гледа, а туристите на бродот биле воодушевени од глетката.

Орландо Марин, еден од патниците на бродот, го снимил огромното јато кое го обиколи бродот. Се претпоставува дека во групата имало помеѓу 3.000 и 5.000 делфини.

Оваа појава на масовно пливање на делфини е снимена и во документарецот за природата „Dolphins – Spy in the Pod“. Режисерите инсталирале камери на роботи туна, желка и лигња, а снимката откри колку голема може да биде заедницата на делфини и како тие живеат.

Видеото можете да го видите ОВДЕ.