Неверојатна приказна: Тригодишно дете се сеќава на својот претходен живот

Многумина се прашуваат дали реинкарнацијата е само мит или реалност. Доколку сте скептични по ова прашање, тригодишно момче од Голанската висорамнина близу границата меѓу Сирија и Израел можеби ќе ви го промени мислењето. Ова момче тврдело дека во минатиот живот било убиено со секира. Она што е фасцинантно е дека откако момчето го посетило селото во кое живееле во претходниот живот, пронајден е скелет, оружје и убиецот.

Во својата книга „Деца кои живееле претходно: Реинкарнација денес“, германскиот терапевт Трук Хардо ја објаснува приказната за ова момче, како и приказни на други деца кои се сеќаваат на своите минати животи со неверојатна прецизност. Приказната на момчето од Голанската висорамнина забележила дека докторката Ели Лаш која пружала медицинска помош во појасот Газа, како дел од мисија на израелската влада во текот на 60-тите години. Пред да почине таа овој неверојатен феномен му го раскажала на Хардо.

Момчето било дел од верската заедница Друзи која припаѓа на еден облик на исламот и која живее на просторите на Сирија, Либан, Израел и Јордан. Реинкарнацијата во нивната култура е прифатена како факт, но неговата приказна и тоа како ги изненадила припадниците на оваа заедница. Момчето било родено со долг белег на главата. Друзите веруваат дека, како и некои други култури, белегот е поврзан со смртта во претходниот живот. Кога момчето доволно пораснало и проговорило на своето семејство му раскажало дека во претходниот живот било убиено со секира во главата.

Вообичаено старешините кога детето ќе наполни три години го носат на местото во кое претходно живееле доколку се сеќава. Момчето знаело во кое село живеело некогаш. Кога отишле таму, тој се сетил и на името кое го имало во претходниот живот.

Жителите на селото раскажале дека човекот, за кое момчето велело дека е негова реинкарнација, исчезнал четири години претходно. Семејството и пријателите на исчезнатиот мислеле дека залутал на непријателска територија бидејќи тоа често се случувало.

Момчето исто така знаело кој го убил во претходниот живот. Кога се соочил со убиецот, неговото лице пребледело, но сепак не го признал убиството. Тригодишното момче потоа им рекло на старешините дека може да ги одведе на точното место каде е погребано телото. На точно тоа место пронајдено е скелет на човек со рана на главата која одговарала на белегот што детето го имало до раѓање. Истотака е пронајдена и секира.

Кога се соочил со доказите, убиецот го признал злочинот. Ова е само една од приакзните за ваквите феномени. Науката за жал можеби никогаш нема да ги потврди овие приказни и да даде прецизни одговори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.