Неверојатни факти за земјта!

Интересни, чудни, урнебесни, поучни и корисни…еве неколку факти за Земјата кои сигурно не сте ги знаеле.

Земјата е позната како ”Сината Планета”. Зошто? – Затоа што од вселената, океаните во комбинација со нашата атмосфера прават нашата планета да личи дека има сина боја.

Светскиот најсмртоносен земјотрес се појави во 1557 година во центар на Кина, кога повеќе од 830.000 луѓе погинаа.

Светски најдолгата и најжешка пустина е Сахара во Северна Африка, на повеќе од 9,000,000 km² е скоро долга колку Соединетите Американски Држави.

Земјата патува низ вселената со 66,700 милји на час.

6 милјарди километри е најголемата далечина од која некој ја сликал Земјата.

Тардигарата, најотпорното суштество на светот, може да помине 10 денови во вселената.

Човекот во вселената може да преживее две минути без заштита.

Може да се види огромно загадување на воздухот во Кина од вселената, но не и Кинескиот ѕид.

Во текот на денот има 24 часа – 23 часови, 56 минути и 4 секунди претставува времето кое ѝ е потребно на Земјата да ротира околу својата оска.

Во вселенските пространства, од лансирањето на „Спутник“, патуваат дури 38.000 предмети создадени од човекот.

Високите планини и длабоките океани прават 1/5000 дел од обемот на Земјата.

Застрашувачки е фактот дека 75% од видовите животни на Земјата може да изумрат во текот на наредните 300 години. Но, она што е успокојувачки е дека се идентификувани само 14% од сите видови на планетата.

Секој ден се раѓаат околу 200.000 бебиња ширум светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.