Неверојатно, но овие луѓе се родители: Мајка и подарила ваучер за силикони на 7 годишната ќерка

Некои луѓе едноставно не се створени да бидат родители и да одгледуваат деца, но овие примери од родители навистина заслужуваат затвор или забрана да им се приоѓаат деца.

И подарила на својата 7 годишна ќерка ваучер за силиконски гради

Сара Барџ, самодекларираната „Човечка Барби“ е позната по трошењето на илјадници долари за пластични операции, но исто така се бори за титулата најлоша мајка. На својата ќерка Попи за седмиот роденден и подарила ваучер од 10 илјади долари за зголемување на градите.

silikoni-dete-majka-najgori-roditelji-printscreen-yt-1403534122-521807

„Попи ме молеше да и дозволам операција на градите и затоа за роденден и подарив ваучер за вградување на силикони кој може да го искористи кога ќе наполни 16 години“, вели Сара.

Жена го вратила своето посвоено дете во Русија

Американката Тори Хансен од Тенеси на своето седумгодишно посвоено дете му купила авионски билет во еден правец и го вратила во Русија. Хансен навела дека го враќа детето бидејќи било ментално нестабилно, насилно и не сака повеќе да го чува.

najgori-roditelji-vratila-dete-avionom-printscreen-1403534353-521811

Бебе починало додека родителите играле видео игри

Пар од Јужна Кореја е уапсен кога нивниото тримесечно бебе починало од глад додека тие си одгледувале виртуелно дете на интернет. Тие ја изгубиле својата волја за вистински живот бидејќи и двајцата останале без работа пред да се роди нивното дете, па се впуштиле во виртуелен живот кој довел до смрт на новороденчето.

Мајка и организирала тепачка на својата ќерка

Сандра Падиња Миранда од Флорида е уапсена бидејќи и организирала тепачка на нејзината ќерка со друга девојка. Миранда ја повикала 14 годишната девојка да дојде пред училиштетот во закажано време. Кога другата девојка се појавила започнала тепачката меѓу нив две. Подоцна на социјалната мрежа Фејсбук се појавило видео во кое се гледало како Мирнада навива и и кажува на својата ќерка да удри посилно.

najgori-roditelji-tuca-sandra-miranda-oragne-county-jail-1403534277-521809

Британка му вбризгувала ботокс на своето 8 годишно дете

Кери Кембел, 34, на својата 8 годишна ќерка и вбризгувала ботокс за нејзиното дете засекогаш да биде без брчки.

Родители ја терале ќерката да има сексуални односи со постар човек за да добијат комбе

Сандра и Џејмс Дејвис се осудени на осум години затвор бидејќи ја натерале својата 14 годишна ќерка да има сексуални односи со постар човек по име Роберт (67) за тој да им го даде нивното комбе на користење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.