ВИДЕО: НЕВЕРОЈАТНО – Русија ја бомбардира Исламска држава од Каспиското море!

Министерството за одбрана на Русија вчера објавило видео запис од бродови на руската армија во Каспиското море, кои лансираат проектили чија крајна цел се позиции на Исламска држава во Сирија, објави телевизијата РТ, пренесува Нетпрес.

Засега нема информации точно од каков тип се ракетите истрелани од крстосувачите на руската морнарица.

Очигледно е дека станува збор за т.н. паметни ракети со голем дострел, но и голема прецизност, бидејќи од јужниот дел на Каспиското море до Сирија, поточно до упориштето на Исламска држава, градот Рака, има оддалеченост од повеќе од 1.500 километри.

Исто така, нема ниту информации кои позиции на Исламска држава во Сирија се бомбардирани со овој вид на високо софистицирано оружје.

– Истрелани се крстосувачки проектили од три мали брода од водите на Каспиското море. Ракетите, кои имаат голема прецизност, погодија инфраструктурни објекти на Исламска држава во Сирија, се вели во соопштението на министерството за одбрана на Русија.

Според информацијата, проектилите се од дел од ракетниот систем „Калибар НК“, високопрецизни крстосувачки ракети. Целата операција била снимена и сателитски.

Погледенете го видеото:

Инаку, Русија на 30 септември, годинава, започна воена операција насочена против Исламска држава во Сирија, на барање на сириските власти. Од почетокот на операцијата, досега, руската армија уништила 112 објекти на Исламска држава, меќу кои и командни центри, магацини со оружје и муниција, како и борбени возила на џихадистите.

rusija-google

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.