Неверојатно сладок хороскоп: Кој Ви е омилениот десерт?

Сладолед, овошни вкусови, торти со многу крем, пити и пудинг – во кои слатки задоволства уживаат хороскопските знаци.

Ѕвездите откриваат по кои десерти полудуваат хороскопските знаци, дали се тоа овошни или чоколадни вкусови или пак неодоливата ванила…секој има нешто од кое не може да се засити.

Овен – Овенот има специфичен вкус, па обожува најразлични десерти со јаболка, малини, но и кремасти торти со чоколадо. Понекогаш попрво би избрале некој лесен и здрав рецепт како овошје во комбинација со мед или јогурт.

Бик- Најмногу ужива во парче чоколадна торта послужена со топка сладолед и шлаг. Освен тоа сакаат и овошни пити, ледени коцки и чоколаден пудинг. Со него ќе може да уживате во сите рецепти бидејќи е голем гурман и ретко кога ќе ви рече не за благо.

Близнаци – Најмногу сакаат лесни десерти како чоколадни и овошни кремови прекриени со слатка павлака. Но, нема да ве одбијат ниту ако им понудите некоја комбинација со желе од шампањ и торта со манго.

Рак – Сакаат сè благо што има чоколадо во него, но кај нив може да поминете и со некој традиционален колач. Уживаат и во тешки торти со многу ореви, суви грозје и најразлични кремови.

Лав – Највкусниот десерт пред кој ќе падне секој лав е вкусна пита со јаболка, ореви и цимет. Можете да ги излудите и со некој колач или торта со карамел фил и прелив. Сака различни типови на сладолед како и овошни салати со шлаг.

Девица – Едни од ретките што ќе ви кажат дека сакаат бело чоколадо и бисквити со млеко. Често внимаваат на линијата, па наместо некоја тешка торта за десерт ќе земат овошен јогурт.

Вага – Уживаат во пенести и кремасти десерти. Освен тоа многу сакаат и комбинации од боровинки и црно чоколадо. За специјални прилики изненадете ги со колач со лимон или пак некоја бабина торта.

 

Скорпија – Скорпиите се за било каков десерт се додека во него има алкохол, некаков ликер или пак кафе. Кај неа одлично ќе поминат чоколадни бонбони, како и торти на база на кафе. Пред сè сакаат благо кое има убав и интензивен вкус.

Стрелец – Бидејќи сака да експериментира за стрелецот се препорачуваат различни необични десерти приготвени на интересен начин или пак со посебни состојки. Уживаат во целувки, тулумби, торти со бисквити, но и во домашно правена баклава.

Јарец – За да го задоволите вкусот на јарецот потребна ви е чоколадна крофна или пак палачинки со чоколадо и банана. Ова е знак кој ретко одолева и на секакви видови на милкшејк и сладолед со многу чоколаден крем.

Водолија – Водолиите сакаат лесни десерти, разни видови на бисквити, крофни и многу кремасти торти. Можете да ги заведете со пишкоти потопени во кафе и потоа комбинирани со крем од маскапоне сирење.

 

Риби  – Повеќето од нив сакаат едноставни десерти од јагода и ванила или пак вкусен сладолед од чоколадо. Доколку сакате да ги изненадите подарете им торта со крем сирење и лимон или пак десерт со некое егзотично овошје како ананас, кокос, манго или киви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.