Македонија,Политика

Невладината „Цивил“ – Ударна тупаница за смутовите на СДСМ

Невладината „Цивил“ – Ударна тупаница за смутовите на СДСМ

Невладината организација „Цивил“ е дирекно финансиски поврзана со фондацијата СОРОС Македонија, која пак годишно на располагање има 5,2 милиони евра странски донации, кои постојано ги употребува за напаѓање на актуелната влада.

Оваа фондација е раководена од Владимир Милчин, поранешен висок финкционер на СДСМ и лустриран соработник на тајните служби, а кој преку невладини оргaнизации, медиуми и марионети како „Цивил“ ја континуирано ја спроведува партиската политика на СДСМ.

„Цивил“голем дел од средствата на СОРОС ги распределува на медиуми кои се проопозициски настроени, а со цел да се промовираат нивните јавно искажани антивладини стаови и отворено застанувајќи зад агендата на опозициската СДСМ.

Невладината организација беше ангажирана за секоја тема која ја лиферуваше Фондацијата СОРОС во Македонија, на чело со Милчин. Оваа невладина организација очигледно е невладина за секоја политичка тема во државата, бидејќи по изборите правеше извештаи за наводни изборни нерегуларности, ја оценуваше слободата на медиумите и уредувачката политика на медиумите, ја оценува работата на МВР, АРМ  или критикува по правило активности на државни институции.

Оваа невладина организација никогаш не се појавила во јавноста со осуда или критика на ставови или потези на опозициски партии, а уште помалку на поединци или организации поврзани со тој табор, кои на тој начин и’ прават голема штета на Република Македонија.

„Цивил“ во своите квази-екпертски извештаи ги подели медиумите на:

–      одважни и достоинствени на една страна (за кои рече дека како новинари се мета на секојдневни закани, притисоци, тужби и говор на омраза кој го промовираат медиумски истакнати апологети на политиките на владата)

–      и на провладини медиуми (кои го промовираат говорот на омраза, вулгарностите и грубиот речник, додека релевантните институции тоа го дефинираат како слобода на говор).

Невладината организација „Цивил“ на овој начин се обидува да креира црно бела перцепција на општеството во кое власта секогаш ќе биде црната страна. Свесно или не, со своите ставови „Цивил“ создава негативна слика за Македонија, која е далеку од реалната, што во голема мера наликува на активностите на СДСМ и нивниот финансиер Владимир Мичлин.

civil-soros

Освен во оцрнувањето на државата и нејзините институции, „Цивил“ се обидува да ја јаде државата и одвнатре, создавајќи атмосфера на конфликти и судири. Невладината „Цивил“ обвинуваше дека се организираат напади врз домот на семејството Зеќири и тие, според нив, беа очигледно добро планирани и фокусирани на сеење страв меѓу населението и испраќаат порака до сите што се неистомисленици, односно до сите што не ѝ припаѓаат на групата во чие име дејствуваат напаѓачите.

„Нападот со бомби и истрели врз домот на семејството Зеќири, имајќи ги предвид околностите и контекстот, се акт на тероризам и како такви треба да се третираат од институциите“, пишуваше во реакцијата од „Цивил“.

Ваквите квалификации на „Цивил“ ја подгреваат меѓуетничката нетрпеливост и само ги разгоруваа конфликтите во мешаните етнички средини. За потоа кога ќе се појават судири во вакви средини, по правило „Цивил“ ги напаѓа институциите и со партиски ставови ја лоцира секојпат вината кај владеачките партии. Очигледен е ракописот на СДСМ во секое соопштение, став или извештај на невладината „Цивил“.

Оваа организација заедно со медиумите, кои постојано ги пренесуваа нејзините лаги, манипулации и измисилици – „Слободен печат“ и „ПлусИнфо“, кои што исто така се финансирани од СОРОС, важеа за ударна тупаница на опозицијата на последните претседателски и парламентарни избори.

silegov-jordanovskaНовинарот на „Фокус“, Мери Јордановска, која е дел и од „Цивил“, во друштво на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов (Фото: Facebook)

Инаку, првиот човек на оваа невладина организација треба да врати 27.000 евра на Радиодифузија поради тоа што во 2005 година Џибир Дерала добил пари од Радиодифузија за проект, кој се однесувал на борбата прогив нелегалното оружје, но не бил реализиран на време.

dzabirЏабир Дерала, првиот човек на „Цивил“