„Невладиниот сектор му служи на тероризмот“

Повеќе од 60 различни невладини организации се ставени под лупа на Јавното обвинителство во Косово поради основано сомнение дека со нивните активности го промовираат и поддржуваат тероризмот, како и исламистичките терористички организации.

Според досието, на кое се повикува, весникот „Зери“ пренесува дека евидентно било дека нивната цел е преземање на власта на Косово, прокламирајќи ги законите на исламскиот Шеријат.

-Неколку организации кои се дојдени на Косово од исламските земји имаат мисија на ширење на нивната идеологија. Денеска гледаме кои се резултатите од нивните активности, а тоа е девијација на традиционалниот ислам кој кај нас постои со векови, проблеми за џамиите, физичко малтретирање на оџите, заминување во војна во Сирија и Ирак.Тоа се нивните резултати, финансирани од одредени кругови, изјавил оџата Осман Муслиу за „Зери“.