сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Невообичаено ниски температури во Грција

atina

Последни вести

Температурите во некои делови на Грција изминатиов празничен викенд паднаа на зимско ниво проследени со снег и силен дожд, особено на повисоките места во северниот и западниот дел на земјата, пренесува МИА.

Снег синоќа падна во делови на Епир во северозападниот дел на Грција, на надморска височина од 1.400 метри и погоре, западниот брег на Превеза го зафатија поројни дождови, а  температурата во Метсово падна на три степени Целзиусови.

Дождливото време што во неделата вечер ја зафати Грција се очекува да трае најмалку до среда во многу делови од земјата, а температурите ќе останат под сезонскиот просек.

Во Атина денеска е ведро, по неколку куси врнежи од дожд вчера, но синооптичарите за попладне најавуваат дожд, особено во северниот дел.

Најчитани вести