Невозможна мисија: Ова се условите на Хаг за пуштање на Шешељ

Гаранциите кои владата на Србија треба да ги даде за да го пуштат лидерот на радикалите Воислав Шешељ од Хашкиот трибунал, скоро е невозможно да се исполнат заради голем број на правни нелогичности.

Првиот услов е куќен притвор на кој би морало да го осуди некој од доомашните судови, пред кои, за него не се води ниту една постапка, па е дискутабилен основот по кој тој би се нашол во судот. Тоа повлекува и носење специјална сигнална алка на ногата која исто така ја одредуваат домашните судови.

Во условите на трибуналот не се споменува ни кој може да го посетува, но се бара Владата да обезбеди услови тој да не може да контактира со сведоците и жртвите и врши притисок на нив. На кој начин би требало тоа да се направи, никому не му е јасно бидејќи, заради пример, Шешељ некого би можел да го побара по телефон.

Политичкото делување би требало да му биде забрането, но не е забрането да приме посети. Заради илустрација, Шешељ би можел да ги повика симпатизерите во својот двор и од прозорецот на кучата да држи митинг.