Невозможна Мисија

Настрана што најновото продолжение на филмот, петто по ред, навистина е е едно од најдобрите досега и просто неверојатно за упорното и од инат создадено сајантолошко кускуле Том Круз (со кој патем делиме иста висина, а и Лајнел Меси) успева да се искрши ко Џеки Чен во филмот, а сепак да ти го направи овој најдолг од франшизата интересен за гледање и најдобар досега. Прав филм за кино, мераци…

И ете, по обичај како и секој колумнист, една реченица да покажам општа култура и дека сум во тек со времето, па сега на секојдневната политика – Македонската Верзија на Невозможната Мисија.

Иф ју чуз то аксепт ит… Ако одберете да ја прифатите оваа невозможна мисија…

Тензијата на секое поле расте, а допрва ќе гледаме Зона на Вриење Замфирова, но најстрашното е поделеноста. Искрено мислев дека со шарената поделбата беше голема и со прислушкуваните разговори со кои и ден денес се уценуваат поединци и компании дека ПОДЕЛБАТА ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОГОЛЕМА. Ниту еден факин аналитичар ни приближно не можеше да наслути, ниту онака оддалеку да навести дека можело и бетер, полошо, пострашно. Искрено, зарем некој мисли дека нашево општество, во ваква ровоска поделеност – бетер од линија Мажино, може да има солуција? Позитивна разрешница? Дека ако едните се во право другите ќе климнат и речат да, така е, е јебига, ај пу пу не се важи? Патриотите со знакот вегета ќе бесат по плоштади предавници или нововластодршците ќе пунат затвори и некого така ќе уплашат? Зарем не свативте дека народот само го тренирате да стане отпорен на стрес, зарем не мислите дека му доаѓа преку органот за вагинална спелеологија од целово ова? Влегле во НАТО и ЕУ или не, со северномакедонски или бугарски пасош „тешкото“ станува единствениот заеднички именител на општествово? Сите до еден од народи и народности и триполови креатури, сите до еден им е преку Тасета, каков и да биде исходот секој гледа да му ја кидне одовде. Да, секако дека има и тоа многумина кои искрено се залагаат за оваа земја да опстои, но тоа МА СИТЕ го кажуваат, а препукувањето останува за тоа кој е во право.

Сите се во право и никој не е во право?

Како се наоѓа излез и решение? Ако е до нас… ако воопшто нешто од нас зависи или ни виси како што ви пишав, тешко дека и нешто ќе направиме. За жал, имам огромно чувство дека ништо не зависи од нас, ни успешен ни неуспешен референдум, ни излезени ни бојкотирани, затоа што сме изработени како мали деца – се низ призма на туѓ интерес и партија и никој рационално ниту гледа ниту изгледа може да согледа.

Мој совет!?! Ха, Јадев Бурек 20 години дека до ова ќе дојде и молев да превенирате да не дојде до ОВА, што пак сега сакате? И реков, кога до ова ќе дојдеме – готово е, сега само се последни обиди за некаква витешка чест – нечија…

Велат љубовта е слепа, првдата е слепа, не ОМРАЗАТА е најслепа, најлесно се лепи и како скрама ќе треба децении со шпакла да се изрине од нас што од надвор – што од внатре. Кој и да успее на референдумот тешко дека семето на посеано партиско зло ќе може да го сотре и да гради ново општество.

Ќе го играме повторно тешкото овојпат како химна на колективно одење во туѓина на гурбета на таа тешка траорна хармонија и ритам ќе ги додадеме зборовите – Остала је само фукара и раја…

Жално ми е … но ова само Чудо Господово може да го разреши – чекам…најверојатно како во „Челични Магнолии“ на крај жаби ќе паѓаат.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.