петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Невработените можат да се пријават за обука во компанија за дефицитарни занимања

Невработените евиденирани лица- активни баратели на работа, кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, имаат можност да се пријават најдоцна до 31 јули годинава во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица. Лицата вклучени во обуките ќе добиваат и месечен надомест од 6.200 денари. Искуствата покажуваат дека над 50% од лицата кои поминале обука потоа биле веднаш вработени.

gorgievv

Поврзани вести

Невработените евиденирани лица- активни баратели на работа, кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, имаат можност да се пријават најдоцна до 31 јули годинава во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица. Лицата вклучени во обуките ќе добиваат и месечен надомест од 6.200 денари. Искуствата покажуваат дека над 50% од лицата кои поминале обука потоа биле веднаш вработени.

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки- приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни учулишта и други верификувани спроведувачи на обуки.

Обуките се однесуваат на следните занимања и градови: Шивач – Скопје и Прилеп, Кројач – Скопје, Келнер – Скопје и Битола, Готвач – Скопје и Битола, Пекар – Скопје, Рецепционер – Скопје, Бравар – Велес, Заварувач – Велес и Битола, Столар – Скопје и Куманово, Ѕидар – Битола, Штип и Струмица, Гипс-монтер – Штип и Струмица, Дом мајстор – Скопје, Ракувач со градежна механизација – Битола и Струмица, Сервисери за машини за шиење – Штип и Берово, Фризер – Скопје, Битола, Тетово, Штип, Струмица и Струга, Изработувач и монтажер на градежна столарија – Куманово, Струмица, Штип и Битола, Нега на стари лица – Скопје, Битола, Крушево, Струга, Штип, Струмица, Куманово, Кавадарци, Радовиш, Стаклопластичар – Струга, Металостругар – Скопје, Металоглодач – Скопје, Гумар – Скопје, Фасадер – Скопје, Штип, Битола, Струмица, Слаткар – Скопје, Монтер и инсталатер на сончеви панели – Скопје, Службеник во книговодство – Скопје, Куманово, Туристичко-агенциски службеник – Скопје, Шминкер – Битола, Тетово, Педикир / маникир – Битола, Струга, Штип, Козметичар – Скопје, Битола, Филигранист – Скопје, Изработувач на накит од злато – Скопје и Млекопроизводител во Свети Николе.

Работните профили за кои што се врши обуката се утврдени врз основа на анализа на пазарот на труд, каде што е покажано дека токму овие профили се дефицитарни, односно постои потреба за вработување на лица кои ги поседуваат определените вештини и способности. Затоа невработените лица се повеќе од добредојдени да учествуваат во процесот во кој што во период од три месеци обука и еден месец практична работа ќе добиваат по 6.200 денари надомест, но многу поважно е дека ќе стекнат знаење и вештини кои што ќе ги направат многу поконкурентни на пазарот на труд. Искуствата од минатиот период покажуваат дека над 50 проценти од лицата кои што поминале низ процесот на обуки веднаш по завршување на обуките биле вработени и тоа е мотив повеќе за сите останати лица кои побаруваат работа да се вклучат во процесот, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Инаку, обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, а по завршување на истата, кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец, доколку како спроведувач на обуката се стопански комори, занаетчиски комори и средни стручни училишта. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).

На корисниците на социјална помош за времетраење на обуката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување на РМ, контакт телефон 02/3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk.

Најчитани вести