недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Невработеноста падна на историско најниски 24 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во вториот квартал годинава бројот на активното население во Република Македонија е 948.376 лица, од кои вработени се 720.674, а 227.702 лица се невработени.

nevrabotenost-strelka

Последни вести

Стапката на невработеност во вториот квартал годинава падна на 24 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Ова е историски најниска стапка на невработеност и пад за нови 0,5 отсто во споредба со првиот квартал од 2016-та година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во вториот квартал годинава бројот на активното население во Република Македонија е 948.376 лица, од кои вработени се 720.674, а 227.702 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56.5, стапката на вработеност 42.9, додека стапката на невработеност е 24 отсто.

Најчитани вести