ТОП,Економија

НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ ТОПИ: Во време на ВМРО-ДПМНЕ се намалила за над 11%!

НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ ТОПИ: Во време на ВМРО-ДПМНЕ се намалила за над 11%!

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и многу блиску до зацртаната цел – стапката на невработеност до 2018 година да ја спушти на 22 процента. Последните податоци на Државниот завод за статистика се потврда за позитивниот тренд.

Стапката на невработеност на крајот од минатата година достигнала 24,6 проценти, историски најниска досега. Од активното население кое брои 949 илјади 525 лица, 715 илјади 758 имаат работа, 233 илјади 767 се водат како невработени. Стапката на активност достигнала 56,6 проценти. Само во последното тримесечје од 2015 година, невработеноста е намалена за 0,9%, анализира порталот ЛИДЕР.

nevrabotenost-tabela-1

Груевски: Имаме историски најниско ниво на невработеност

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ваквиот тренд е очекуван, имајќи ги предвид напорите за отворање нови работни места преку привлекување странски директни инвестиции, поддршката за домашниот приватен сектор, активните мерки за вработување.

Правиме максимални напори да донесеме инвеститори, да вложуваат и да отвораат нови работни места, како и да им овозможиме одлични услови за правење бизнис. Работејќи на тоа станавме шеста држава во Европа според добрите услови за водење бизнис и дванаесетта во светот, според рангирањето на Светска банка. Сите напори од државните институции, кои се претежно дел од нашата претходна програма, доведоа до тоа да имаме историски најниско ниво на невработеност. Свесни дека е тоа се уште високо, ќе продолжиме да работиме за намалување на невработеноста, изјави Груевски.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ невработеноста се намалила за над 11%!

Според надлежните, падот на невработеноста е резултат на добрите економски политики, пред сè на одржувањето на извонреден амбиент за водење бизнис. Се работи за сериозен исчекор во борбата против најголемиот проблем во Македонија, а тоа е невработеноста.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, стапката на невработеност се намалила за повеќе од 10 проценти, односно од 36% во 2006 година на актуелните 24,6%.

Убедливо највисоки стапки на невработеност во земјава се регистрирани во 2003, 2004 и 2005 година, и тоа од 36,7%, 37,2% и 37,3%, за време на владеењето на СДСМ.

Доколку продолжи овој тренд, очекувањата се дека стапката на невработеност ќе се сведе под 22 процента до 2018-та година.

Статистиката реална, политиките даваат резултат

Според податоците…