Македонија

Невработеноста во 2014-та историски најниска, а во 2005-та највисока

Невработеноста во 2014-та историски најниска, а во 2005-та највисока

Никола Груевски на своето обраќање на 15.Кумановски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека споредбите со оствареното ги прави со најсилните европски земји, а не со учинокот на СДСМ бидејќи такво нешто не е можно.

-На крајот од 2014-та година регистрирана е стапка на невработеност од 27,6 проценти што е најниска стапка во последните 18 години, односно од 1996-та година од кога Заводот за статистика ја спроведува анкетата на работна сила. Во изминатите четири години, кога во цела Евопа се намалуваше невработеноста, во Република Македонија се создаваа нови работни места. Досега од 2006-та отворени се вкупно 130.000 нови работни места, од кои во периодот 2011-2014 отворени се 53.000 нови работни места. Согласно последниот извештај на Светската банка „Дуинг Бизнис“ 2015 Македонија рангирана на високото 30 место помеѓу 189 држави во светот. И оваа година Македонија е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рагнирана подобро од 16 земји члeнки на ЕУ. Како што зебележавте воопшто не ги спомнав СДСМ. Сите споредби, сите резултати ние ги мериме во однос на европските најуспешни земји. Тоа не е случајно, нас ни се репер најуспешните економии во светот, изјави Груевски кој воедно наведе три примери, со кои посочи дека резултатите со СДСМ се толку различни што не е можна споредба.

-Странските директни инвестиции, кумулативно за периодот 2007-2015 изнесуваат 2,2 милијарди евра, што е за 4,5 пати повеќе во однос на кумулативниот прилив на странски директни инвестиции во 10-годишниот период на владите на СДСМ. Во декември 2014-та е забележана најниска стапка на невработеност од 27,6 отство. Највисока стапка на невработеност во Република Македонија е регистрирана во 2005-та година и изнесуваше 38,7 отсто, што е за 11,1 процентен поен повисоко од стапката на невработеност во 2014-та. БДП по глава на жител е највисок во 2014-та година и изнесува 4.127 евра, а во 2005-та беше 2.471 евро и тоа во услови кога повеќе од пола мандат ни се погоди во услови на светска и европска должничка криза, потенцираше Груевски.