Невработеноста во ЕУ прв пат на нивото од пред кризата

Невработеноста во ЕУ за прв пат е падната на нивото од пред почетокот на глобалната економска криза, објави Еуростат.

Според методологијата која се користи од страна на Еуростат, невработени се лица на возраст од 15 до 74 години кои активно бараат работа и се подготвени да ја преземат во рок од две недели. Таквите во ЕУ во моментов се најмалку од август 2008 година (во еврозоната од декември 2008 година), што значи дека невработеност се намалила до нивото пред избивање на финансиската криза.
Просечната стапка на невработеност во ЕУ во мај годинава била 7 проценти, во споредба со 7,7 отсто пред една година. Во еврозоната, во истиот период паднала од 9,2 на 8,4 отсто. Најниска стапка на невработеност има во Чешка, само 2,3 проценти и во Германија 3,4 проценти. Најголем број на лица кои не можат да најдат работа се уште имаат Грција- 20,1 отсто и Шпанија 15,8 отсто. Во истиот период најголем пад на стапката на невработеност има Кипар-8,4 а лани 11,4 отсто, а во Хрватска исто така има голем пад од 11,3 на 8,9 проценти.

Иако охрабрува податокот за континуираниот пад на стапката на невработеност, аналитичари на РБА сметаат дека истиот, пред се е потикнат од сезонските движења кои се посилни и потрајни поради продолжената туристичка сезона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.