Свет

Невработеноста во Франција достигна ново рекордно ниво

Невработеноста во Франција достигна ново рекордно ниво

Невработеноста во Франција е на нов максимум – 3,48 милиони луѓе, со што е надминат рекордот од минатиот месец, соопшти Министерството за труд и социјален дијалог, пренесе МИА.

Новите податоци се од крајот на ноември и покажуваат зголемен број за 0,8 отсто во споредба со октомври.

Во ноември нови 27.400 луѓе се додадени во списокот на луѓе кои бараат работа. Во изминатата година невработеноста во Франција е зголемена за 5,8 отсто.