Економија

Невработеноста во Македонија продолжува да паѓа

Невработеноста во Македонија продолжува да паѓа

Стапката на невработеност во последното тримесечје од минатата година изнесува 28,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Овие податоци покажуваат намалување на процентот на невработени за разлика од претходниот квартал, кога истиот бил 28,7 отсто.

Според возраста, се’ уште највисок е процентот кај невработените млади од 15 до 24 години и изнесува 50,3 отсто, кај лицата од 25 до 49 години таа изнесува 27,4 отсто, додека таа стапка во групата од 50 до 64 години е 22,7 отсто.

Во овој период, активното население во Македонија брои 960.704 лица од кои вработени се 685.479, а 275.225 лица се невработени.