Невработеноста во САД порасна за 6,2 отсто

Во Америка во јули се отворени 209 илјади нови работни места, што е помалку во однос на новоотворените рабони места во јуни, пренесува агенцијата АП.

Сепак, овој резултат и понатака е над просечните месечни нови работни места од 200 илјади, резултат кој постои од месец февруари, соопшти американското Министерство за труд.

Стапката на невработеност во САД во јули пораснала за скромни 0,1 поени, на 6,2 проценти од јунските 6,1 проценти, бидејќи поголем број на Американци започнале да бараат работа.

Таквата стапка на невработеност и понатака, според оценките на министерството, значително е ниска во однос на 7,9 проценти од почетокот на 2013 година, пренесува агенцијата АП.

Најголем број на нови работни места е отворен во секторот за градежништво, преработувачката индустрија, услужниот и малопродажниот сектор, додека во државната управа се отворени дури 11 илјади нови работни места.

Сепак, бројот на невработени лица пораснал за речиси 200 илјади на 9,67 милиони, делумно поради константниот раст на бројот на работоспособни Американци, но и враќањето на пазарот на трудот на повеќе од десетина илјади лица кои претходно се откажале од барањето работа или едноставно не биле регистрирани како невработени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.