Невреме доаѓа кон Македонија, следува температурен шок

Времето во сабота попладне и во недела ќе биде нестабилно со локален развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови од земјава.

Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Температурата значително ќе опадне, а на места ќе биде и за десетина степени пониска во однос на претходните денови.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја и да се преземат соодветни активности за заштита од поплави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.