ВИДЕО: Невреме во Дојран

На интернет се појави видео материјал со силното невреме во Дојран. На видео снимката се гледа дека низ улиците на градот течат реки со вода.
На интернет се појави видео материјал со силното невреме во Дојран. На видео снимката се гледа дека низ улиците на градот течат реки со вода.

Невреме во ДојранПороен дожд, грмежи и засилен ветар попладне имаше на повеќе места во северните, источните и југоисточните делови од државата.

Нестабилноста се движеше од северозапад кон југ и југоисточните делови од земјава и ги зафати централните, а доцна попладнево  јужните и југоисточните делови  од земјава каде има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни се процесите во дојранскиот регион каде има интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, информира УХМР, пренесува УХМР.

На интернет се појави видео материјал со силното невреме во Дојран. На видео снимката се гледа дека низ улиците на градот течат реки со вода.

 

Утре претпладне сончево, попладне повторно пороен дожд и грмежи

Метеоролозите предвидуваат дека ваквото нестабилно време ќе се задржи до крајот на денов.

Во земјава ќе се задржи променливо и на места нестабилно облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните, а особено во ноќните часови се очекува стабилизирање на времето, соопштуваат од УХМР.

Од утре не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.  Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од  14  до 23, а највисоката се очекува да достигне  од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе биде 8.  Во Скопје утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.  Утринската температура ќе се спушти до околу 20,  а највисоката дневна  ќе достигне до  35 степени.

За продолжениот викенд сончево и топло време

За време на продолжениот празничен викенд УХМР предвидува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник, соопштуваат од УХМР.