Невреме на Крим, 180 илјади лица без струја

Полуостровот Крим вчеравечер беше зафатен од силно невреме, кое остави без струја 180 илјади жители на 207 населени места.

При невремето нема жртви.

Метеоролозите предвидуваат дека невремето ќе продолжи и во следните два дена и предупредуваат на покачувањето на нивото на водите во некои реки на Крим од 30 до 80 сантиметри.